ЈП Водовод и канализација-Струга: Продолжува акцијата за откривање случаи на злоупотреба на вода и диви приклучоци

- Локални
383

ЈП Водовод и канализација-Струга известува дека  продолжува акцијата за откривање случаи на злоупотреба на вода и диви приклучоци во градот Струга и околина.

-Екипите на претпријатието во соработка со надлежните општински инспектори цело време се на терен за откривање случаи на злоупотреба на вода и диви приклучоци. Оваа акција има за цел да го намали проблемот со снабдувањето со вода за пиење во текот на летната сезона.- соопштуваат од претпријатието.

Додаваат дека за корисниците каде што ќе се потврдат вакви случаи ќе бидат преземени законски мерки согласно Законот за снабдување со вода за пиење и Кривичниот законик.

Strugaonline

Facebook Коментари