Општина Струга: Сите физички и правни лица кои поставиле урбана опрема без одобрение, да ја отстранат веднаш

- Локални
982
Општина Струга ги известува  сите физички и правни лица што поставиле урбана опрема без одобрение или решение издадено од Општина Струга, веднаш да ги отстранат истите и просторот да го доведат во првобитна состојба.
-На сите лица што нема да постапат во согласност со ова известување, ќе им биде изречена парична Глоба врз основа на член 161-б од Законот за градење, и тоа:
Глоба во износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице доколку постави урбана опрема – рекламни и информативни паноа, како и рекламни и информативни паноа кои се поставуваат на објекти, без одобрение за поставување на урбана опрема односно без решение за поставување, додека Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.
 Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице доколку постави урбана опрема – рекламни и информативни паноа, како и рекламни и информативни паноа кои се поставуваат на објекти, без одобрение за поставување на урбана опрема односно без решение за поставување.-стои во соопштението од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари