ЈЗУ Нефрологија Струга доби донација медицинска опрема и материјали за подобра грижа на пациентите
ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга денес прими значајна донација од хуманитарното здружение LetzCare, со што по вторпат се потврдува успешната и хумана соработка меѓу двете институции.
Донацијата опфаќа колички за лица со попреченост, електрична инвалидска количка, болнички кревети, концентратори за кислород, како и медицински потрошен материјал меѓу кој компресивни завои, стерилни гази, хируршки маски, средства за дезинфекција и ракавици за еднократна употреба.
Од раководството на болницата истакнаа дека оваа поддршка претставува значаен придонес во подобрувањето на условите за лекување и секојдневната грижа за пациентите, особено во делот на обезбедување поквалитетна здравствена услуга.
Соработката со LetzCare се реализира во рамките на претходно потпишаниот меморандум за соработка, а донацијата е уште една потврда за заедничката посветеност кон хуманоста и поддршката на здравствените установи.
Од болницата упатија искрена благодарност до хуманитарното здружение LetzCare и до г. Сафет Алили за нивната континуирана поддршка и општествена одговорност.
StrugaOnline

