Кајакарски клуб ,,Дрим“: Нашиот клуб не е поврзан со вчерашните настани, нашите простории не се предмет на извршување

- Локални
986

Oткако Општина Струга заклучи дека хангарот каде што се сместени кајаците и друга опрема од кајакарскиот клуб ,,Црн Дрим“ -Струга е нелегално поставен на јавен простор, вчера ангажираната фирма за отстранување се обидуваше да го отстрани металниот контејнер, а членовите на кајакарскиот клуб ,,Црн Дрим“ со жив штит не го дозволуваа отсртанувањето, На оваа тема се огласија од кајакарскиот клуб ,,Дрим“.

Во целост Ви го пренесуваме нивното соопштение

„Ја користиме оваа прилика да ве известиме дека кајакарскиот клуб Дрим кој што датира од 1948год. нема врска со вчерашниот  настан и дека просториите кои што ги поседува не се оштетени ниту предмет на извршување. Се работи за новоформиран клуб со нашето старо име и се оградуваме од сите активности на било кој поединец.“ – стои во нивното соопштение.

 

 

Facebook Коментари