Владимир Ѓоровиќ: Не можам да бидам задоволен со пораз, но девојките одиграа цврсто и карактерно

- Спорт
417

Селекторот Владимир Ѓоровиќ ги сумира  првите впечатоци по 40.одиграни минути против Хрватска во кои загубивме со (62:80).

„Секако дека не можам да бидам задоволен со пораз. Но задоволен сум како девојките се бореа и одиграа, говорам за сите нив. Знаевме на кое ниво се Митрашиновиќ, Бонер,Трајчевска и Кметовска. Но морам да кажам, јас сум задоволен од ангажманот на целата екипа која одигра цврсто и карактерно“– потенцира Ѓоровиќ.

Факт е дека Хрватска беше фаворит, и дека ја оправда таа улога на фаворит.

„Противникот одличен ,со 100% учинок во нашата група. Со вонсериски играч како Дојкиќ. Пробавме со четири различни одбрани да одиграме на неа, но не успеавме во тоа. Видов, имаме уште простор за напредување. Сега е најбитно да преспиеме. Да видиме добро каде грешевме. Да се опоравиме и спремни да го дочекаме натпреварот со Германија во сабота. Честитки до екипата на  Хрватска, и уште еднаш, честитки за ангажманот на нашите кошаркарки и стручниот штаб“– додава селекторот на нашиот женски национален тим.

Извор и фото: kfsm.mk

Facebook Коментари