Лев банер Десен банер

Ќе се формираат доброволни противпожарни друштва во Струга, еве како да се пријавите

Како резултат на се’ почестите пожари на отворен простор во шуми, стрништа, лозја како и во урбани средини, Противпожарниот Сојуз -Струга во соработка со Териториалната противпожарна eдиница Струга како и со Одделението за Заштита и спасување и Месни заедници при Општина Струга врз основа на закон, како и од позитивните искуства од западните земји,  ќе формира Доброволни противпожарни друштва за инервенции при природни и елементарни непогоди во регионот на Општина Струга.

Право да се пријават имаат невработени, но и вработени лица без разлика во која институција, кои ќе бидат ангажирани само во посебни случаи.

Кандидатите ќе имаат почетна обука, а можат да се пријават во просториите на ООПС Струга во ТППЕ Струга,  до зградата на Советот на Општина Струга.

Strugaonline

error: