ЈП Комунално-Струга спроведе акција за чистење на улиците ,,Олга Стојаноска“ и ,,Петар Ѓончевски- Гиле“

- Локални
478
Екипите на ЈП Комунално-Струга од работната единица јавна чистота спроведоа акција за генерално чистење на улиците ,,Олга Стојаноска“ и ,,Петар Ѓончевски- Гиле.“.  Во рамките на акцијата се вршеше рачно метење, чистење на ивични траки како и подигање на непрописно одложениот отпад надвор од корпите на отпадоци.
Акцијата ќе продолжи и во наредните денови во различни делови на градот.
Исто така ЈП Комунално-Струга ги известува сите корисници на услугите, дека за сите проблеми и поплаки поврзани со нивните активности на терен, можете да се обратите  на тел.046 786 640, на е маил [email protected] како и на нивната Facebook страна.

Facebook Коментари