Ќе се гради нова спортска сала за учениците во село Делогожда

- Локални
729
Учениците ООУ „Нури Мазари“ – Дологожда, ќе добијат нова спортска сала.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и градоначалникот на Струга, Рамис Мерко,
потпишаа договор за изградба на спортска сала во с. Делогожда од Струга.
,,Во растењето на здрави генерации, еден од пресудните фактори е квалитетното физичкото образование кои ги поттикнува учениците да спортуваат и да постигнуваат повисоки резултати. Затоа, Владата и МОН со вложувања и изградба на нови објекти создава подобри услови каде децата ќе можат да ги реализираат часовите и други спортски активности.,, – изјави министерот Шаќири.
Спортската сала во Делогожда ќе биде наменета за различни видови спортови, како ракомет, кошарка, одбојка, мал фудбал и гимнастика.
Strugaonline

Facebook Коментари