Второто полугодие започнува на 1-ви февруари со физичко присуство

- Македонија
594

На вчерашната седница, Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.

-Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство.-стои во владиното соопштение.

Strugaonline

Facebook Коментари