Лев банер Десен банер

Ќура на свеченоста по повод Националниот ден на Швајцарија

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, присуствуваше на свеченоста организирана од Амбасадата на Швајцарија во Македонија по повод Националниот ден на Швајцарија.

Ќура на настанот присуствуваше по покана на швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Сомер.

Од Општина Струга информираат дека свеченоста била можност за потврдување на значењето на институционалната соработка и за натамошно зајакнување на односите меѓу локалната самоуправа и Амбасадата на Швајцарија.

Во фокусот на разговорите и идната соработка се областите од заеднички интерес, особено оние кои можат да придонесат за развојот на локалната заедница, реализација на конкретни проекти и размена на искуства.

Од Општина Струга посочуваат дека и во иднина ќе продолжат да ги градат и продлабочуваат партнерствата со дипломатските претставништва и меѓународните организации.

Целта, како што наведуваат од Општината, е преку ваквите партнерства да се отворат нови можности за развој на Струга и подобрување на условите за живот на граѓаните.

StrugaOnline

error: