Возило излета од магистралниот пат Охрид-Подмоље, повредена жена од Велешта

- Локални
1166

На 14-ти август 2024 година, околу 15:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Подмоље, патничко возило марка „Цитроен“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 26-годишна жена од струшкото село Велешта, излетало од коловозот.

– Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари