Концерт на Васил Хаџиманов Бенд во Охрид

- Локални
1136

Еден од најголемите џез музичари на Балканот, Васил Хаџиманов на 19-ти јули ќе одржи ексклузивен концерт во клубот Jazz Inn во Охрид.

Идејата на Васил за комбинирање на традиционалните балкански фолк ритми и западните, модерни стилови (jazz, funk, rock, world music) во неговата музика е во потполност автентична и претставува нов пристап во џез музиката.

Хаџиманов во Охрид доаѓа со својот бенд, во кој членуваат: Мирослав Товариќ, Бојан Ивковиќ, Предраг Милутиновиќ и Бранко Тријиќ.

Досега имаат објавено шест албуми, а моментално го промовираат последниот албум “Alive”, кој е нивни прв албум снимен во живо во пет различни градови, во пет концертни сали. Специјален гостин е светски познатиот саксофонист Davin Binney, а албумот е издаден за Американската издавачка куќа “MoonJune Records” од Њујорк.

Во изминатите 15 години, Васил Хаџиманов и неговите музичари неуморно и со голем успех ја свират нивната музика на концерти и џез фестивали на секаде во светот, од Скопје, Белград, Нови Сад, Загреб, па преку Берлин, Виена, Братислава, Нагоја, Париз и Трст, а во Охрид последен пат настапиле во 2011 година.

Концертот почнува во 22:00 часот, а картите (во ограничен број-70) по цена од 500 денари, може да се купат во Музичката продавница Зи Зи Топ од понеделник (19 јуни, во 13:00 часот)

Извор: Васил Хаџиманов Бенд / Facebook

Фото: Васил Хаџиманов Бенд / Facebook

 

Facebook Коментари