КриптоЛичник – Првата крипто валута на Република Вевчани

- Занимливо, Локални
205

Во втората декада од дваесет и првиот век, во чест на 07. Август 2020 година, како иницијатива на неколку млади и високообразовани Вевчанци и во соработка со кабинетот на градоначалникот на Општина Вевчани – првата крипто-валута, насловена „Крипто Личник“ е пуштена во употреба со неколку трансакции на симболични суми од „Крипто Личник“ кон неколку заслужни граѓани за раѓањето и идејата на Република Вевчани.

Авторот на националната крипто валута на Република Вевчани и нејзиниот иден почесен граѓанин е г. Јордан Стојановски, кој е докторанд на компјутерски науки на Универзитот Мичиген и долго време работи на полето на безбедност на крипто -валутите и нивната употреба, а живее и работи во градот Њујорк.

-Врската Вевчани-Њујорк беше интензивна во овој подолго планиран проект, а Стојановски како голем вљубеник во Вевчани и инспириран од неговиот слободарски дух, ги надогради вевчанските пари – Личници во форматот на 21 век, крипто валута –„ Крипто Личник.“ . Телефонските врски на големи далечини се одамна реалност благодарение на „Пупиновите калеми“,  па врската Вевчани – Њујорк не е воопшто нова. Така, личниците се конечно апгрејдирани -што би рекле едуцираните компјутерџии, или „кеш застана учителон Симун – кушувешов Јордан е добошка“ што би рекле старите Вевчанции.-информира градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски.

Симболичката Вевчанска Република оваа крипто валута ќе ја усвои за своја национална крипто валута и со тоа станува втората земја во светот после НР Кина која има своја национална крипто валута.

-Вевчанец, не е место на раѓање, Вевчанец е карактер и сон, пркос кон гола моќ и безумна сила, жед за напредок, вечна борба за слобода и правда, жед за светлина во духот и жед за знаење, бдеење и почит над традицијата, ама и вперен светол поглед кон иднината. Во свет кој надмина седум и пол милијарди жители, Вевчанци и оние кои се чувствуваат како такви според својот карактер, волја и сој, сега поседуваат една од постоечките над 1200 крипто валути на денешницата.-додава Јанкоски.

-Првпат употребените електрични пендреци врз цивилно население, врз мајки и деца се случиле во нашето Вевчани.  Драги Вевчанци, така 07 Август 1987 година, остави жиг во нашите сеќавања и срца. Но, наместо страв и немоќ, тие кај нас ја доутврдија нашата желба за слобода и здрав дух,  ние со сочуваните извори на нашата земја денес и подаривме едно од најубаво уредените туристички места. Без сомнение нејзиното најчисто и нај-еколошко населено место сме денес. Ниту село, ниту пак град, ами уникат, Держава Вевчани е приказна за себе! Убава приказна. Денес, електричната енергија се користи за рударење на крипто-валути.-стои во објавана на градоначалникот.

Strugaonline

Facebook Коментари