8 лица во Струга и 27 во Охрид казнети за неносење маски

- Локални
390

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 62 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-27, Струга-08, Кичево-19, Дебар-08). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 20 контроли врз угостителски и други објекти.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари