Куче нападнало жена во Лабуништа

- Локални
873

На 25-ти мај 2020 година, 41-годишниот Џ.Н. од струшкото село Лабуништа, во Полициска станица пријавил дека, околу 19:45 часот, неговатата мајка Н.Н. во селото била нападната од куче домашен миленик-сопственост на жител на селото.

– Притоа, таа се здобила со повреди по телото. ОВР Струга презема мерки за расветлување на настанот по што ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари