Kрводарителска акција „Водици 2020“ во Охрид

- Локални
888

Во рамки на Програмата за одбелжување на Големиот православен празник Богојавление Водици во Охрид, на 19 јануари 2020 година (недела), охридскиот Црвен крст ќе ја организира традиционалната крводарителна акција „Водици 2020“.

Крводарителната акција годинава ќе се реализира под мотото  „Една капка може да промени се“.

Сите хумани граѓани ќе може да даруваат крв во периодот од 9:00 до 15:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Strugaonline

Facebook Коментари