КУД „Илинден“ и КУД „Резет“ со концерт по повод неделата на детски права во објект „Сонце“

- Локални
690

Дечињата од објект „Сонце“ при ЈОУДГ „8-ми МАРТ“ – Струга во склоп на одбележувањето на неделата на детските права, проследија мултиетнички проект во чии рамки концерт одржаа КУД „Илинден“ и КУД „Резет“.

Овие две културно-уметнички друштва, со песна и игра ги развеселија најмладите и предизвикаа задоволство и насмевки на нивните лица.

Во склоп на неделата на детски права, децата од детските градинки во Струга беа во посета на Општина Струга, однесоа пораки во шише на општинската администрација, ги научија детските права и следеа концерти и други манифестации.

Strugaonline

Facebook Коментари