Лабуништа доби реконструиран регионален пат и одводни канали

- Локални
744

Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко  на терен ги следеше градежните активности  на главниот пат во с.Лабуништа, каде што успешно беше завршена и втората фаза.

-На главниот пат кој се протега од местото познато како Кореја Лабуништа во правец на с.Боровец, се работеше на проширување на патот а потоа истиот се асфалтираше. Истовремено, се работеше и на поставување на одводните канали долж патот и на двете страни на патот, инвестиција исто така од страна на Општина Струга.-информираат од Општина Струга.

Градоначалникот Мерко истакна дека ваквата капитална инвестиција беше неопходна за населените места во овој регион,  потенцирајќи ја потребата за одводни канали и секако важноста на широк и асфалтиран пат, секогаш земајќи ги предвид барањата и потребите на жителите на оваа зона.

-Само за време на мандатот на градоначалникот Мерко, реализирани се над 20 капитални инвестиции во овој регион, и не само во овој регион, докажувајќи дека градоначалникот Мерко секогаш ги става на прво место барањата на жителите и граѓаните на Општина Струга.- стои во соопштението од Општина Струга.

Од општината додаваат дека наскоро ќе следуваат нови капитални инвестиции.

Strugaonline

Facebook Коментари