LTH Леарница Охрид вработува магационер и оператор на ЦНЦ машини

- Локални
1301

LTH Леарница Охрид вработува  Mагационер во одделот за Продажба

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Средна стручна спрема
  • употреба на стандардни и специјализирани компјутерски алатки
  • познавање на работата во магацин се смета за предност

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Способност за работа во тим;
  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност;
  • Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност;
  • Динамичност, мотивираност, иницијативност;
  • Желба за едукација и надградба;
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови;
  • Ефективна вербална комуникација.

ОДГОВОРНОСТИ

  • подготовка и предавање, како и нарачка и преземање на стоката
  • грижа за правилно и прегледно складирање во рамките на просторните можности
  • грижа за дисциплина и правилна и безбедна манипулација со стоката
  • грижа за правилно складирање и постапување со хемикалии односно опасни супстанции
  • книжење и раскнижување на стоката во магацините
  • контрола и решавање на рекламации
  • грижа за водење и архивирање на документацијата во магацините
  • грижа за чисто и уредно работно место

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Нудиме можност за континуирани обуки и тренинг. Ви следува топол оброк, додатоци на плата за услови за работа и сменско работење, платени трошоци за превоз од и до работно место; регрес за годишен одмор; новогодишни надоместоци; награди и бонуси согласно покажани резултати

Работа 40 часа во неделата.

Кандидатите своите професионални биографии можат да ги испратат на: [email protected]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 21/02/2020

OПЕРАТОРИ НА ЦНЦ МАШИНИ

Одговорности:

  • Подготовка на парчињата за обработка, познавање на основните правила за стартување и работењето на машините
  • основно опслужување на машините за обработка со одлеаноците, алатите
  • прегледување на одлеаноците и препознавање на грешки во согласност со контролната документација
  • извршување деловни операции според барањата определени во конструкциско техничката документација
  • познавање, разбирање и пополнување документацијата на работното место
  • почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
  • грижа за чисто и уредно работно место – 5Ѕ и самоодржување

Квалификации:

III. степен, насока: металопреработувачка  без искуство (Машински Техничар)

  1. степен, насока: металопреработувачка без искуство (Машински Техничар)

Вештини:

  • прецизност
  • соработка со останатите
  • снаодливост
  • организација на сопствената работа
  • осет за простор и чистота

Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети, работа во смени.

Останато:

  • покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • обезбеден топол оброк
  • додатоци на плата за сменска работа и услови за работа
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • исплата на новогодишен надоместок
  • награди и бонуси согласно покажани резултати

Кандидатите своите професионални биографии можат да ги испратат на: [email protected]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 29/02/2020

Ве очекуваме!

 

Facebook Коментари