Денеска се одбележува Светскиот ден на радиото

- Македонија
615

Денеска се слави светскиот ден на радиото, прогласен од страна на УНЕСКО.

Во 2013-та година, Генералното собрание на Обединетите Нации ја одобрила прокламацијата на УНЕСКО за Светски ден на радиото да биде 13-ти февруари. 

Неговата цел е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите и да се промовира пристапот до информациите и слободата на изразување преку  брановите на овој медиум.
Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода  на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневието на многумина. Со развојот на интернет и мобилните технологии уште повеќе се зголемуваат неговите досегашни можности.

Имено, радиото претставува бежична трансмисија на сигнали по пат на модулација на електромагнетни бранови, со фреквенција под видливата светлина.
Електромагнетното зрачење патува по пат на осцилација на електромагнетните полиња, преку воздухот, во вакуум и во вселената. Информацијата која се носи на амплитудата на фреквенцијата. Кога радио брановите ќе поминат низ проводник, осцилациските полиња индуцираат наименична струја во проводникот. Ова може да биде детектирано и пренесено во звук.

Според УНЕСКО, „како што радиото еволуира во дигиталната ера, тоа останува медиум со поголема публика на светско ниво отколку кој било друга медиумска форма. Тоа ги охрабрува луѓето, вклучително и младите, да се вклучат во дискусиите за темите кои ги засегнуваат. Тоа може да спаси животи во време на несреќи и природни непогоди, а им нуди на новинарите платформа да ги раскажат нивните приказни.“

Strugaonline

 

Facebook Коментари