Maнифестација „Денот на рибарите“ денеска во Охрид

- Локални
627

Во рамки на манифестацијата Денот на рибарите во Охрид која се одржува денеска, 20-ти јануари, на празникот Свети Јован Крстител и оваа година  се подготвува традиционалната рибна чорба.

Чорбата ќе се подготвува во голем казан, кој пред два дена беше поставен на градскиот плоштад. За подготовката на овој специјалитет ќе бидат задолжени професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Според планираното, се очекува да бидат подготвени околу 1,5 тони чорба или околу 5000 порции, кои ќе бидат послужени на присутните гости на манифестацијата. Дел од подготвената чорба ќе биде доставена и до социјално ранливите семејства од градот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари