Лев банер Десен банер

Меѓународни џез звуци на последната вечер од Охрид Џез Фестивал

Со впечатлива меѓународна џез-вечер, исполнета со врвна музика и почит кон едни од најголемите имиња во историјата на џезот, заврши овогодинешното издание на Охрид Џез Фестивал 2026.

Завршната фестивалска вечер беше посветена на одбележувањето на 100 години од раѓањето на музичките легенди Miles Davis и John Coltrane, чие творештво остави неизбришлива трага во светската музичка историја.

Пред охридската публика настапи Branko Sterpin Quartet, во состав Branko Sterpin на труба, Kristian Terzić на пијано, Zvonimir Šestak на контрабас и Adriano Bernobić на тапани. Како специјален гостин настапи Vojkan Jocić, еден од позначајните хрватски тенор-саксофонисти.

Публиката имаше можност да ги слушне композициите поврзани со Davis и Coltrane, претставени преку современ музички израз, но со јасно изразена почит кон оригиналното творештво и богатото наследство на двајцата великани.

Со завршната вечер се стави точка на четиридневната фестивалска програма, која и годинава понуди разновиден музички избор – од настапи на млади и перспективни музички таленти, преку етно-џез и класичен џез, до настапи на реномирани меѓународни музички гости.

Охрид Џез Фестивал 2026 уште еднаш го потврди Охрид како значајна точка на музичката карта, место каде што се среќаваат различни генерации, култури и џез-изрази, оставајќи зад себе четири фестивалски денови исполнети со музика и енергија.

StrugaOnline

error: