Мерко: Наставниците и вработените кои протестираат да го запазат работното време

- Локални
652
Денеска започна генералниот штрајк во градиниките и училиштата.
Градоначалникот на Струга ,Рамис Мерко, објави апел  денеска сите да се појават на своите работни места во училиштата и градинките и наставниот процес да продолжи непрекинато.
,,Наставниците и вработените кои протестираат да го запазат работното време кое изнесува 40 часа неделно, односно 8 часа дневно. Сите директори на училиштата и градинките да обезбедат соодветна просторија за одржување на протестот. Протестот е легитимно и демократско право на секого, под услов да не ги прекршува правата на другите.  Децата не треба да страдаат и да бидат жртви на дневната политика.,, – стои во објавата од градоначалникот Mерко.

Facebook Коментари