Во СОУ ,,Нико Нестор“ се одржа дисеминација на првата обука од Еразмус проектот ,,Знаење за иднината“

- Локални
674

Во просториите на СОУ,,Нико Нестор” – Струга се одржа дисеминација на првата обука реализирана од Еразмус+ проектот “Knowledge for the future”, клучна акција 1, мобилност на наставен кадар во училишно образование на тема: Leadership, educational quality and innovation која се одржа во Гозо, Малта во периодот од 7-11 март 2022.

Бидејќи станува збор за обука на наставници во училишно образование, на обуката покрај наставниците од СОУ “Нико Нестор” – Струга беа поканети и присуствуваа наставници од училиштата: СОУ Гимназија “д-р. Ибрахим Темо” – Струга, ООУ “Јосип Броз Тито” – Струга и ООУ ,,Браќа Миладиновци”- Струга. Вкупно присуствуваа 36 наставници од четирите училишта. Дисеминацијата на стекнатите знаења и вештини ја вршеа наставниците учесници во проектот: Светлана Ѓуроска  , Кети Јанкоска и Ндерим Положани.

На дисеминацијата преку Power Point презентација и промотивен материјал учесниците ги пренесоа искуствата, новите знаења и вештини стекнати за време на обуката во Гозо, Малта. Исто така, наставниците учесници во мобилноста им ги презентираа на присутните позначајните културно-историски знаменитости во Гозо и Малта кои ги посетија за време на слободите активности и им ја доловија Малтешката традиција и култура на останатите наставници присутни на дисеминацијата.

Facebook Коментари