Методија Столески работи на музички проект со група ,,Седенка“, а успешно продолжува и со соло кариерата

- Локални
758

Фолк пејачот Методија Столески работи на музички проект со групата ,,Седенка.“  Станува збор за   сплетови на убави македонски песни во дует со познатата пејачка Елена Андоновска.


Првиот  сплет беше промовиран на осми март, а наскоро следува промоција и на другите сплетови во рамки на овој проект.

Методија истовремено ја продолжува и својата соло кариера,  на 17-ти март тој ќе настапи на фестивалот ,,Гоце Фест“  со песната ,,Поминаа сто и дваесет лета”  на која комплетен автор е Цане Петров.

Столески во период од 8-ми до 13-ти март престојуваше во Италија, тој во Венеција имаше свој настап пред македонска публика.

Facebook Коментари