Лев банер Десен банер

Приведен 55-годишник во Велешта: Возел со 1,71 промили и со забрана за управување

На 28.09.2026 во 14:50 часот, во струшкото село Велешта лишен од слобода е А.Н.(55) од истото село. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга, сопреле патничко возило „ауди” со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа, констатирале дека против него има изречена активна забрана за управување на моторно возило од „Б” категорија а по извршено алкотестирање, кај него утврдиле 1,71 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и по целосно документирање на настанот, против него ќе се поднесат соодветни кривични пријави.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: