Mинистерката Јованка Тренчевска денеска во посета на Црвен Крст-Струга

- Локални
242

Денеска во Струга (ул. Ристо Крле број 1), со почеток во 13.30 часот, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе го посети давателот на социјалната услуга помош и нега во домот – Црвен Крст Струга кое ја спроведува оваа услуга во општина Струга. Услугата е наменета за стари лица постари од 65 години, како и за лица со потежок облик на попреченост кои не се во состојба самите да се грижат за себе. На настанот ќе говорат: • Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика; • Адхуриме Даути, секретар на Црвен Крст Струга. Во рамки на посетата, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе оствари и посета на корисник на услугата помош и нега во домот во Струга за да се информира за придобивките на корисниците од услугата. Развојот на оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава, е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка.

Strugaonline

Facebook Коментари