Владата донесе одлука за законски востановената „Детска недела”, ќе се издвојуваат средства за афирмација на заштитата на децата

- Македонија
271

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата на Република Македонија донесе одлука за издвојување средства за законски востановената „Детска недела”, којашто се реализира со цел развивање на општествената активност за афирмација на заштитата на децата.

– За време на траењето на „Детската недела“, од 02 до 09 октомври 2023 година, е предвидено да се издвојуваат: од секој продаден влезен билет за театар, кино, уметничка изложба и други културни манифестации – 5,00 денари; од секоја поштенска пратка во внатрешниот сообраќај, освен на печатени работи 2,00 денара; од секој влезен билет на спортски натпревари и други спортски приредби – 5,00 денари; од секој продаден возен билет во железничкиот и автомобилскиот, меѓународниот, меѓуградскиот сообраќај – 5,00 денари; од секој продаден возен билет во авионскиот сообраќај – 50,00 денари; од секој продаден облик на електронски музички и видеозапис, видео касета и друго – 5,00 денари, информираат од Владата.

Од плаќањето се исклучени изложбите, приредбите и другите културни манифестации организирани од страна на ученици и студенти во јавни установи. Во време на траењето на манифестациите посветени на децата се организираат културни, забавни, образовни, спортско-рекреативни, активности од областа на екологијата и други активности посветени на децата.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари