МЈП Проаква ги чисти линиите од заматената вода, проблемот наскоро ќе биде решен

- Локални
569

МЈП Проаква Струга ги известува сите корисници на нејзините услуги дека од утринава сите екипи од секторот за техника се излезени на терен и ги преземаат сите активности за што побрзо чистење на линиите од заматената вода.

„Во текот на денов состојбата ќе се нормализира и наскоро водата ќе биде безбедна за пиење.
Откако ќе биде нормализирана состојбата на водата ќе ве информираме за да продолжите да ја користите водата за сите потреби, во меѓувреме препорачување да продолжите да ја користите само за санитарни и технички потреби.“ – велат од МЈП Проаква

Strugaonline

Facebook Коментари