На 29-ти јули во Струга започнува петтото издание на ,Drim Short Film Festival“

- Локални
396
Под мотото ,,Сонувајте кратко“ од 29-ти јули до 1-ви август во Струга ќе се одржи петтото издание на ,,Drim Short Film Festival“.
Педесетина кратки филмски остварувања од филмски автори ширум светот, поделени во неколку категории ќе бидат прикажани пред струшката публика.
,,Веруваме дека најтоплото издание на DSFF,  ќе биде и најплодно. Летно издание, за сонувачи, за многу бои, за шаренило од топли емоции собрани на големото платно од летната сцена во Домот на поезија. А лето ко лето, бавно доаѓа, брзо проаѓа, затоа „Сонувајте кратко“ е и мотото на петтото издание на Drim Short Film Festival. “Dream short“ на Drim Short. Игра со зборови, каде сонот, нашиот фестивал и Дримот стануваат едно. Сонувајте кратко, ама силно и јасно како краток филм, во кој сета мудрост на светот е спакувана во форма што се пие во еден здив.“ – креативно најавуваат организаторите.
-Dream short на Drim Short, во светот на соништата, во магијата на несвесното и духовното, каде можеш да ја испиеш цела бескрајната река што нас не вдахнува со живот. Сонувајте кратко, живејте вечно.-порачуваат од дирекцијата на фестивалот.
Strugaonline

Facebook Коментари