На 3-ти октомври ќе се одржи Послание во чест на писателот Петко Шипинкароски

- Локални
912

Културен центар ,,Бран“-Струга и Меѓународната ревија за литература ,,Бранувања“ организира Послание во чест на струшкиот писател Петко Шипинкароски ( 1946-2020) . Посланието ќе се одржи на 3-ти октомври во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ – Струга со почеток во 12:00 часот.

Во чест на Петко Шипинкароски ќе биде отворена изложба со негови портрети и насловните страници на ревијата ,,Бранувања“, ќе биде направен соодветен осврт на неговото творештво , а ќе бидат промовирани двете негови постхумно објавени книги- поемата ,,Обденица“ и збирката раскази ,,Вечен живот“.

Благодарници ќе добијат поединци и институции кои учествуваа во програмите на КЦ ,,Бран“, ,,Струшки книжевни средби“ и Ревијата ,,Бранувања“.

На Посланието ќе се почитуваат сите препораки за заштита од вирусот Ковид 19.

Strugaonline

Facebook Коментари