Во Струга одбележана 36-та годишнина од смртта на Владо Малеси-Тале

- Локални
443

По повод 101-годишнина од раѓањето и 36-та годишнина од смртта на Владо Малески – Тале, (23 септември 1984 год.) , истакнат македонски писател, учесник во НОБ, општествено-политички и културен работник, дипломат и амбасадор, на бистата на Малески во Струга беше положи свежо цвеќе,а пред присутните почитувачи на неговото револуционерно дело и литературно творештво,и за животот и делото на овој истакнат македонски деец зборуваше претседателот на Општинската организација на борците Ајредин Мемети.

Владо Малески ( Струга,1919 – 1984 ) е истакнат македонски раскажувач и романсиер.Бил член  на првата македонска генерација писатели.Учесник е во НОБ,на легендарниот Богомолски поход и како претставник на Струга бил дедлигиран на Првото заседание на АСНОМ. Потоа бил избран за член на АСНОМ ,на АВНОЈ и уставотворното собрание на ФНРЈ.

По ослободувањето бил прв директор на Радио Скопје,секретар на Собранието на Социјалистичка Република Македонија,член на Извршниот совет на Собранието на СРМ,сојузен делегат,амбасадор и носител на други функции во општествено-политичкиот и културниот живот во Република Македонија.

Мошне е богат животниот опус на Владо Малески на книжевен план. Зазема видно место во историјата на државотворноста на Република Македонија и како борец и како творец.Тој е автор на македонската национална химна ,,Денес над Македонија“.Прво исполнување било на дочекот на новата 1942 година во центарот на Струга во куќата на Сотир Шута,каде што Владо Малески свирејќи гитара ја испеал свечената песна која од присутните младинци била прифатена и натаму пренесувана,при што влегла во срцето на народот како свечана песна, а потоа и како химна на Република Македонија.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари