На 4-ти октомври Саем на книга во Паркот на поезијата во Струга

- Локални
485

Во рамки на годишната програма на Н.У Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“-Струга, во среда, 04.10 во Паркот на поезијата ќе се одржи проектот Саем на книга.

-Оваа година саемот на книга е во соработка со издавачките куќи ,,Матица македонска“ и ,,Сакам книги“. Станува збор за традиционален настан што се реализира во делот на библиотекарската дејност на установата. За продажба ќе бидат изложени познати и барани наслови од страна на читателската публика.“-изјави за Strugaonline директорката на струшкиот Центар за култура, Николина Велкоска Глигороска.

Саемот ќе трае во период од 10:00 до 16:00 часот.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари