Во сабота во Струга ќе се игра урнебесната комедија ,,Љубов во струшко Нерези“

- Интервју, Локални
1181

Во сабота, 30-ти септември, во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга, членовите на драмското студио ,,Миладин“ ќе ја одиграат премиерата на претставата ,,Љубов во струшко Нерези.“ Станува збор за урнебесна комедија во режија на Ристе Миладин.

,,Во љубовта и војната нема правила. Нашата Таса тоа го сфати здраво за готово па така влегуваќи од една игра во друга се сплети во сопствената мрежа. Дали нејзината сестра Воскра ќе биде дел од таа валкана игра или ќе го послуша нејзиното срце или можеби Дојчин ќе ја граби Таса. Сепак сите се прашуваат кој е таткото на бебето? Кој е мајсторот што ја најаде со грав Таса?-стои во содржината на претставата.

Деталите ги дознавме од режисерот и дел од актерската екипа. Наши гости беа господинот Ристе Миладин, режисер на претставата, Ива Шајноска која ја игра улогата на Воскра, и Милан Блажески кој ја игра улогата на Тасе.

Целиот разговор можете да го проследите на следниов линк:

Извор и фото: Play radio

Facebook Коментари