На 9-ти ноември ќе биде отворена традиционалната годишна изложба на уметници од Струга

- Локални
540

Во сабота, 9-ти ноември, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга традиционално ќе се одржи Годишна изложба на ликовни уметници од Струга.


Со свои дела ќе се претстават повеќе уметници од помладата и средната генерација. Авторите творат во повеќе медиуми. Ќе бидат изложени делата на:Викторија Попоска, Милко Нестороски, Ангела Ѓонческа, Кристина Затуровска, Христијан Томаноски, Даме Затуровски, Попоски, Крунислав Гагоски, Гоце Цветков, Сергеј Миладинов, Емил Драган Докоски, Никола Маркоски, Димитрие Дурацовски, Јана Лукешевиќ.

Учесниците на изложбата се дипломирани ликовни уметници и ентузијасти. Застапени техники: масло и акрил на платно, акварел, дигитални илустрации, уметничка резба, уметничка фотографија и други.

Станува збор за 14-та по ред Годишна изложба на струшки ликовни уметници. Истата ќе биде отворена со почеток во 18:30 часот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари