Започна внатрешното и надворешното уредување и реновирање на градинката „8-ми Март“

- Локални
726

Вo градинката „8-ми Март“ во Струга ,како и во градинките „Сонце“ и „Пеперутка“ кои се во состав на „8-ми Март“, со иницијатива на управата на градинката и со помош на општинските институции на Општина Струга, деновие се врши внатрешно и надворешно реновирање и уредување на градинката.

„Во детските одделенија и другите простории се работи на уредување на паркетот и внатрешните ѕидови, се поставува ново осветлување и се врши декорација на просториите. Во надворешниот дел се работи на оддржување на дворот, така што се чистеше и се поставија нови бекатон плочки на сите потребни површини и се врши тампонирање на неколку делови околу објектот, уредување и фарбање на просторот околу објектот кој ќе служи за паркирање и многу други активности за подобри услови за децата.“ -информираат од Општина Струга.

Од таму додаваат дека  е реализирана и донација која вклучува игри за децата и најавуваат дека  многу наскоро  ќе се обезбедат и реализираат други инвестиции и донации за внатрешен инвентар и различни играчки.

Од  управата на градинката изјавија  дека и во иднина редовно ќе се работи на уредувањето и одржувањето на градинката, со цел создавање на подобри услови за децата.

Strugaonline

Facebook Коментари