На Голема Богородица, Марко Пејчиноски ќе плива на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид

- Локални
247

Младиот талентиран пливач , охриѓанецот  Марко Пејчиновски го најавува неговото десеттото и последно препливување за ова лето.

Во недела, на 28-ми август, за празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, тој ќе плива 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид, со што ќе го исполни ветувањето од почетокот на летото, кога најави 10 препливувања и околу 250 километри.

– После 186 километри во 9 препливувања, тука сум да го најавам моето последно препливување: Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид, или полни 64 километри. Пред 3 години, поради болка во ногата, го прекинав пливањето на оваа релација која остана мој неостварен предизвик. Тука сум, да си докажам колку сум подобрен, да си докажам дека можам да го остварам мојот сон и да ја исполнам мојата желба и празнината која остана. Ова, сакам да ве инспирира и ВАС, без разлика колку нешто изгледа тешко во животот, не значи дека е невозможно, без разлика какви се препреките кои ги имате на патот до успехот морате да продолжете и не смеете никогаш да се откажувате. Имајте своја цел, најдете свој мотив и остварете ја. Ова препливување ќе е на празникот Голема Богородица. Им благодарам на сите оние кои ме поддржаа, порача Марко во видео пораката објавена на неговиот официјален профил на Facebook.

Facebook Коментари