Наскоро ќе почне изградбата на Куќата на Европа во Струга

- Локални
373
 Градоначалникот на Општина Струга, г-дин Рамис Мерко, во својот кабинет го пречека Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја, г-дин Дејвид Гир.
,,Почитуваниот амбасадор дојде со многу добри вести, бидејќи наскоро ќе почне изградбата на Куќата на Европа (Europe House) и во Струга. Како и во другите градови во нашата земја, оваа институција, преку модерни простории и како место за средба на поединци и групи со различна припадност, па дури и организации, има за цел да ги вклучи младите луѓе за да ги поттикне кон иновациите, социјализацијата, креативноста, презентациите на новите идеи, дебатата и меѓусебната соработка.,,-стои во соопштението од Општина Струга.
Од Општината изразија благодарност на Европската Унија, особено на амбасадорот г-дин Гир, за нивниот неисцрпен придонес.
Strugaonline

Facebook Коментари