Лука Симоноски продолжува со своите шаховски успеси и освојување медали

- Локални
321

Младиот и талентиран шахист од Струга, Лука Симоноски, продолжува да реди успеси. На училишното првенство ,,Езерска кралица“ што се одржа на 6-ти мај, Симоноски го освои првото место во категорија до 14 години. На Младинскиот шаховски фестивал ,,Квалитет“ што се одржа на 20-ти и 21-ви мај во Скопје, Лука освои бронзен медал во категорија до 10 години (што е неговата соодветна возраст).

Следен предизвик за Лука ќе биде државното младинско првенство што од 17-ти до 23-ти јуни ќе се игра во Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари