Наумче Мојсоски: Дојде време базенот во Струга да го врати стариот сјај

- Локални, Македонија
502

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовки најави неколку значајни капитални проекти кои се од големо значење за граѓаните посебно за младите луѓе, спортистите и сите љубители на спортот.

,,Големиот проект 14 затворени базени станува реалност!  6 пливачки базени се започнати во 2020 година. За 4 во тек е тендерска документација со рок на изведба од 18 месеци. Еден од нов е базенот во Струга и по заокружување на законските рокови ќе започне долго очекуваната реконструкција на овој базен во кој се одржани многу натпревари и беше причина за многу млади луѓе како спорт да го изберат пливањето. Конечно дојде време, базенот во Струга да го врати стариот сјај и повторно да биде атракција за стружани!,,-изјави Мојсоски.
Тој додаде дека во завршна фаза се пливачките базени во Ѓорче Петров, Кисела Вода, Штип, Кичево
На базенот во Битола во ОУ „Даме Груев , во моментот се работи на зајакнување на металната конструкција по што следува монтирање на фасадните панели.
Во завршна фаза е и затворениот базен во Тетово каде по монтирањето на термална пумпа истиот наскоро ќе биде готов и целосно во функција.
Четири базени за коишто е отпочната тендерската постапка се во општините Карпош, Чаир, Струмица и Кавадарци.
Strugaonline

Facebook Коментари