Пензионерите од Вевчани се победници на Регионалните пензионерски спортски натпревари

- Локални
536

Здружението на пензионери од општина Вевчани,на 25-те Регионални пензионерски спортски натпревари во повеќе дисциплини,кои се одржаа на 6 септември во Кичево,во организација на СЗПМ,а домаќин беше Здружението на пензионери од Кичево.Во силна конкуренција помеѓу седумте здруженија од четвртиот регион кои ги опфаќа:Здруженијата на Струга,Охрид и Дебарца,Дебар ,Македонски Брод,Лабуништа и ЗП Кичево како домаќин,екипата за шутирање на мали гочиња од Вевчани во состав на:Јован Лазороски,Лубе Бубаноски,Наце Парталоски,Секула Баткоски, Липме Радиноски и Ѓоко Мурџески,предводени од претседателот на ЗП Вевчани Витомир Костојчиноски,го освоија Првото место,не промашија ниту едн шут.

На крајот од натпреварите Здружението ЗП Кичево,како домаќин им врачи Благодарница на ЗП Вевчани за учество на 25-те Регинални пензионерски спортски натпревари и поединечни Благодарници на самите натпреварувачи.

Оваа спортска екипа на ЗП Вевчани се здоби со право за учество на Републичките спортски натпревари кои ќе се одржат на 29 септември во Велес.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари