Недела на детски филмови наскоро во струшкиот Центар за култура

- Локални
116
Во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци” – Струга, oд 15-ти до 19-ти април ќе бидат проектирани филмови за деца. Влезот за проекциите е 100 денари, а детската публика ќе има исклучителна можност да ги проследи овие филмски хитови:
15.04.2024(понеделник) – Макс и бесната дружина – една проекција во 13:00 часот, втората во 18:00 часот
16.04.2024(вторник) – Рафи – една проекција во 13:00 часот, втората во 18:00 часот
17.04.2024(среда) – Рока го менува светот – една проекција во 13:00 часот, втората во 18:00 часот
18.04.2024(четврток) – Смрдушковци синхронизиран на македонски – една проекција во 13:00 часот, втората во 18:00 часот
19.04.2024(петок) – Смрдушковци синхронизиран на албански јазик – една проекција во 13:00 часот, втората во 18:00 часот

Facebook Коментари