Сообраќајка на локалниот пат за селото Ливада, повредено лице од село Шум

- Локални
820

На 3-ти април 2024 година, околу 20:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека кај „Биџевска крстосница“ на локалниот пат за струшкото село Ливада, патничко возило марка „Фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, управувано од страна на 59-годишно лице од струшкото село Шум, излетало од патот.

– Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото ивршила екипа на ОВР Струга, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари