Неексплодирана бомба од Втората светска војна извадена од Охридското Езеро

- Локални
240

На 29-ти март 2023 година, околу 12:00 часот, од водите на Охридското Езеро, во близина на Градското пристаниште, безбедно е извадена и подигната неексплодирана бомба М-24, која датира од Втората светска војна.

– Вадењето и транспортирањето на бомбата е извршено од страна на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари