„Саем на науката и културата“ утре во ПСУ „Јахја Кемал“ во Струга

- Локални
81

ПСУ „Јахја Кемал” – Струга утре во 09.30 часот во просториите на училиштето ќе организира „Саем на науката и културата“.

Kaко што информираат, главната цел на саемот е да го изразат знаењето на учениците и да ги едуцираат на интерактивен и естетски начин, што го прават секоја година како едногодишна традиција на училиштето.

-На овој саем нашите ученици ќе презентираат многу проекти, демонстрации за природни предмети како хемија, биологија, физика, математика, историја, географија и визуелни игри во живо од јазици како англиски, македонски, албански, турски, германски со полни традиционални и културни работи подготвени од нашите ученици.-стои во соопштението од училиштето.

Посетата од страна на учениците на оовј Саем, потенцираат од училиштето, ќе биде дополнителна мотивација во понатамошна истражувачка работа.

 

Facebook Коментари