„Неверојатната приказна за џиновската круша“ во среда и четврток ќе се прикажува во Охрид

- Локални
330
Неверојатната приказна за џиновската круша (The incredible Story of the Giant Pear) ќе се прикажува во Н.У Центар за култура ,,Григор Прличев“ Охрид.
Кино проекциите се закажани за во среда (10.11.2021) и четврток (11.11.2021) со почеток во  18.00 часот, цена на карта 100 денари.
Животот во Санитаун е убав и мирен се додека еден ден Мичо и Себастијан не најдат порака во шише на пристаништето. Шишето е од исчезнатиот градоначалник на Санитаун со порака дека е на мистериозен остров и направил големо откритие. Сега тие мора да тргнат на опасно патување за да го спасат градоначалникот и да го доведат дома, а во тој процес откриваат нешто што ќе му донесе големо задоволство на градот Санитаун – џиновска круша.
„Неверојатната приказна за џиновската круша“ во режија на Филип Ајнстин Липски, Јурген Лердам и Амелие Несби Фик беше селектиран во детската програма КПлус во рамките на Берлинскиот филмски фестивал.
Филмот привлече и огромна публика интернационално и беше продаден во повеќе од 100 земји. Филмот е наменет за публика на возраст од 4 до 14 години.
Картите по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063.
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Strugaonline

Facebook Коментари