Четири лица од Кичево лишени од слобода , физички нападнале двајца стружани

- Локални
642
На 08.11.2021 во 22,15 часот, полициски службеници од ОВР Струга од слобода ги лишија З.З.(50), С.З.(24), Е.И.(30) и Е.П.(26), сите од Кичево, затоа што околу 21.45 часот на  улицата ,,Пролетерски Бригади“ во Струга, физички ги нападнале Б.М.(31) и Р.М.(55), двајцата од Струга. При преземање мерки, полициските службеници кај Е.П. пронашле и одзеле пиштол „ЦЗ-85 Лугер“ калибар 9 мм и една рамка со 12 куршуми. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари