Лев банер Десен банер

Од 29 август до 3 септември во Струга ќе се одржи „International Art Symposium Struga“

Струга повторно станува центар на уметноста и културната размена. Од 29 август до 3 септември, во хотел „Солферино“ ќе се одржи International Art Symposium Struga, настан кој со години ги обединува уметниците од различни земји и ја претвора Струга во простор на креативност, соработка и меѓународна културна размена.

Симпозиумот и годинава ќе понуди можност уметниците да создаваат, да разменуваат искуства и идеи и преку своите дела да ја претстават Струга како инспиративно место за современото уметничко творештво.

Поддршка и спонзорство за одржувањето на овој значаен културен настан обезбедува Општина Струга, со што уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон развојот на културата и создавањето услови и можности за уметниците.

Особено значајно е што симпозиумот, предводен од уметникот Бурхан Ахмети и организиран од СИЛИНДАР’Т, веќе повеќе години се одржува токму во Струга, градејќи препознатлива традиција и придонесувајќи кон нејзиното позиционирање како место за меѓународни уметнички средби.

Со својата природна убавина, езерото, културното наследство и препознатливата атмосфера, Струга и годинава ќе биде платформа на која уметноста ќе ги надмине границите и ќе ги поврзе творците од различни култури.

StrugaOnline

error: