Oд билтенот на СВР Охрид-Kокаин пронајден кај охриѓанец на патот Струга-Дебар

- Локални
444

На 27.10.2020 година околу 15 часот, на паркинг простор пред деловен објект на патот Струга-Ќафасан, А.К.(24) и Г.К., двајцата од струшкото село Велешта, физички го нападнале С.М.(39) од селото Делогожда. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.10.2020 година, при претрес извршен во стан во Охрид, што привремено го користел Г.Ц.(39) од охридското село Подмолје, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа семки од растението канабис и марихуана. Истите се одземени, Г.Ц. е приведен и, по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 27.10.2020 година во 19.15 часот,  во близина на деловен објект лоциран на  регионалниот пат Струга – Дебар, при преглед извршен врз Т.Р.(29) од Охрид, кој бил во патничко возило „пежо 206“, со охридски регистарски ознаки, пронајден е и одземен кокаин. Тој е приведен во полициска станица, по што ќе му биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари