Пендаровски го свика Советот за безбедност, утре ќе се разговара за состојбата со пандемијата

- Македонија
588

 Утре од 11:00 часот во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

– На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на COVID-19 на територијата на Република Македонија и мерките и активностите на надлежните институции. По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за медиумите, се вели во соопштението од Кабинетот на шефот на државата.

Facebook Коментари